Доаѓа дожд! Еве какво време ќе имаме во првата недела од април

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Попладне ќе има краткотраен локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 02.04.2023

Променливо облачно со локален дожд, претежно попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 03.04.2023

Облачно со врнежи од дожд, на повеќе места поројни и обилни. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 04.04.2023

Претежно облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.