Силно невреме проследено со дожд, ветер и грмежи се движи кон Македонија и во вечерните часови ќе ја зафати речиси цела земја.
Тетовско-Гостиварскиот регион е зафатен од интензивна нестабилна маса, проследена со пороен дож, електрични празнења, засилен ветер.
- 4NEWS.mk МАПА ОД ДВИЖЕЊЕТО НА НЕВРЕМЕТО
Променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Во утринските часови променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.