Еве каква временска прогноза не очекува викендов

УХМР најавува дека за време на викендот ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни, над 35 литри на метар квадратен, особено утре во ноќните часови и во недела претпладне. Утре ќе дува засилен, повремено силен ветер, над 65 километри на час од југоисточен правец.

В недела ќе има значително намалување на дневните температури. Од понеделник времето ќе биде стабилно со утринска магла по одделни котлини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното