Министерството за здравство вчера информираше дека од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина.
„Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од 96 те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина.
Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување.
Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина“, велат од Министерството за здравсто.