„Го примивме соопштението, ја признаваме Република Северна Македонија“, велат од руското МНР

„Руската федерација ја признава земјата под новото име Република Северна Македонија“, вака стои во соопштението кое вечерва беше објавено од страна на Министерството за внатрешни работи на Русија.

Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека ќе го прифатат секое решение за спорот за името ако тоа има широка поддршка од народот и е во рамките на правото, без мешање од надвор.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното