ИЈЗ со извештај: Зголемување за 21,4% на нови случаи на коронавирус, зголемен број и на оздравени

Институтот за јавно здравје вчера го објави извештајот за состојбата со ковид-19 за минатата недела. Детектирано е зголемување на новите случаи за повеќе од 20 насто, но има и зголемување на бројката на оздравени пациенти.

„Тестирани се вкупно 23.104 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 159 нови позитивни случаи од 18 града во државата со зголемување од 21,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 0,4% до 1,0%, просечно 0,7%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=55; 34,5%) со неделна инциденца – 8,9/100.000. Највисока неделна инциденца од 19,0/100.000 е регистрирана во Тетово.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 20-29 (n=35, 22,0%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=4; 2,5%).

Се забележува зголемување на бројот на заболени кај сите возрасни групи освен кај возрасната група 60+ каде што има намалување на бројот на заболени во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 81 (50,9%) лица од машки и 78 (49,1%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 77 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 37,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 4 смртни случаи во текот на изминатата недела, 3 починати лица се на возраст над 60 години, додека едно лице припаѓа на возрсната група од 50-59 години.

Двајца починати пациенти се од Скопје, и по 1 лице од Гостивар и Тетово. Сите се починати во болнички услови.“, се вели во извештајот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното