Светското внимание деновиве е вперено кон 42-годишен човек од Индија.
Имено, се работи за жител на селото Бадва во покраината Раџастан кој поради својата ретка состојба што наводно го тера да спие до 300 дена во годината.
Тој, како што се наведува во тамошните медиуми, страда од хиперсомнија и може да спие и 25 дена по ред.
Ова ретко нарушување му било дијагностицирано пред 23 години, кога имал „обичај“ да спие само по 15 часа дневно, а симптомите со текот на времето само му се влошувале.
Тој, инаку, поседува селска продавница, од којашто живее.
Пред шест години, тој почнал да спие и два дена по ред… Потоа, 7-8 дена по ред, а неговата состојба, наводно, сега го тера да спие и до скоро цел месец без прекин.