Историчарите повеќе среќа си посакаа следната година

Два дена историчари од Македонија и Бугарија расправаа за отворените прашања меѓу двете земји. Последниот состанок заврши без напредок, а историчарите повторно ќе се сретнат во новата 2022 година.

Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи, изјави дека дводневниот онлајн состанок заврши без резултати.

„Кога не сакате да ја прифатите основна формулација на Договорот за пријателство и добрососедство, а тоа е заедничка историја, значи дека се сомневате во примената на тој договор“, изјави Димитров.

Од македонска страна соопштија дека главните разлики со нивните бугарски колеги се во разбирањето на улогата на историјата со современите општества. 

„По исцрпна дискусија, вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка“, се вели меѓудругото во соопштението на македонските историчари.

Резултатите од работата на историчарите се услов од Бугарија за кревање на ветото. Привремената влада потврди дека блокадата за Македонија останува и за декемврискиот Самит, а поголем оптимизам земјава гледа во новата влада која утре и официјално ќе добие мандат за состав на нов кабинет.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното