Како се гласало во Македонија? 205 за Румен Радев, 123 за Анастас Герџиков

Бугарија го избра старо-новиот Румен Радев за претседател на државата во следните пет години. Според податоците, 66,70% освои Румен Радев, а 31,82% од гласовите освои Анастас Герџиков.

4NEWS.mk ги пренесува и податоци од гласањето во Македонија.

Резултатите од неколкуте гласачки места низ Македонија, резултатите се следни:

  • 205 за Румен Радев
  • 123 за Анастас Герџиков

Синоќа премиерот Зоран Заев информираше дека меѓупрвите се јавил на Радев да честите за победата.

„Во телефонскиот разговор што го имав со Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ.Се согласивме дека Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина“, напиша Заев на Фејсбук.

Но Радев не упади оптимистички најави за решавање на спорот меѓу двете земји.

„Новата Влада не треба од отстапи од националните позиции особено кога залогот е бугарскиот идентитет и историја и правата на нашите сонародници зад граница“, порача актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев во првата изјава дадена по победата во вториот круг од претседателските избори на кои освои втор мандат.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното