Каракачанов: Макрон е во право, Северна Македонија треба да разбере дека се кандидира за ЕУ, а не за во СССР

Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов смета дека францускиот претседател Емануел Макрон е во право што го блокира почетокот на пристапните преговори со Македонија за Европска унија.

„Французите само го потвтрдија тоа што го велам јас. Рано е уште. Имаат време да размислат што да прават. Имаат време да преосмислат и да разберат дека се кандидираат за Европскиот сојуз (ЕУ), а не за Советскиот сојуз (СССР). Бидејќи, според нивното разбирање на историјата, на политиката и на моралот, тие се подостојни за Советскиот сојуз, а не за ЕУ“, изјави Каракачанов за време на празникот на Специјалните сили во Пловдив.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното