Актерката Лидија Вукичевиќ со поранешниот сопруг, некогашен фудбалер Митар Мркел, има два сина, а периодот по разводот, за неа воопшто не бил лесен.
Вукичевиќ, која се стекна со слава и популарност во култната серија Подобар живот, истакна дека славата никогаш не ја вознемирувала и дека поради нејзините улоги никогаш не сакала да крши одредени принципи што си ги поставила.
„Никогаш не се губев себеси. Актерството не е мој живот, тоа е дел од мојот живот. Најважно е тоа што ми е дома. Веројатно затоа и опстанав, немав големи успеси и падови, не работев десет години откако се разведов, но тоа не ми е важно. Играв во театар, заработував од претставите и ми беше важно со своите деца да живеам пристојно. Не се чувствував помалку вредно што во недела навечер не се појавувам на телевизија“, вели актерката за ТВ Екран.
Како што вели, телевизија ретко вклучува, иако публиката има можност да ја гледа во некои од најпопуларните серии.
„Гледам филмови и друго што ми се допаѓа. Се случува со месеци да не вклучам телевизија, ми одзема време и нуди информации кои можеби јас не би сакала да ги слушнам. Читам книга, имам шест библиотеки, од кои една е само психологија со која се опуштам и уживам“, додава Лидија Вукичевиќ