Мета со порака до Рама: „За претседателот на прво место е Уставот“

Откако Албанскиот премиер Еди Рама објави на твитер дека ќе ја извршува функцијата шеф на дипломатијата сѐ до назначувањето нов министер за Европа и надворешни работи на Албанија соопштувајќи дека претседателот Илир Мета не ја потпиша уредбата за назначување нов министер за Европа и надворешни работи, во уставниот рок и дека мора  по последователното кршење на Уставот да се соочат  во новиот Уставен суд.

„До тој ден, што ќе биде набрзо, ќе бидам „де јуре“ во оваа улога, бидејќи немаме време за губење по барање на Претседателот“

Претседателот Мета пак реагираше на сооштувањето премиерот за функцијата шеф на дипломатија велејќи дека нема веќе лажна држава.

„Претседателот е доследен на својата работа. За Претседателот на прво место е Уставот  и почитувањето на законите. NO MORE FAKE STATE. Албанија на прво место.“

Извор: ТВ21