Мицкоски бара оставка од Заев и Филипче поради високите бројки на починати од Ковид – 19

Мицкоски: Денес умираат повеќе луѓе на ден од Втората светска војна, баталете политика, Заев и Филипче дајте си оставка

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.

Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми.

Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно.

Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат.

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното