Маж почина, а едно лице е повредено откако автомобил излетал од патот на локалниот пат Клечовце – Шупљи Камен, на местото „Кантон“.
Од МВР велат дека, според изјавата на сопатничката, на возачот му се слошило и изгубил свест пред да се случи несреќата.
„На 22.03.2026 околу 17:00 часот патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово“, велат од МВР.
Од МВР информираат дека по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа од СВР Куманово.
