На нелуѓето им нема крај дури и во трагедија: Се обидуваат да измамат граѓани кои сакаат да донираат

Не луѓе постојат, а тоа може да се види и преку фактот дека ни големата трагедија која ја погоди државата не ги замисли за момент.

На социјалните мрежи масовно се шири објава според која 30-годишен маж се претставува како син на пејачката Сара Пројковска, и преку донации има за цел да измами што повеќе граѓани за пари.

Во објавата се вели дека добил повик од наводно 20-годишно момче по име Филип Мицевски, син на Сара, кој му раскажал дека и неговата сестра била во клубот, а сега е во болница во Скопје со тешки изгореници и чека да биде префрлена во болница во Осло.

Но, сакајќи да направи измама не помислил дека при испраќање на фотографија од пасошот ќе излезе дека се работи за 30-годишен маж.

„ВНИМАВАЈТЕ луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче. Во меѓувреме, се распрашав по пријатели за да проверам дали приказната е вистинита – и, како што претпоставував, беше целосна измама. Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат!“, напиша Дабевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното