Најмалку 37 мигранти загинаа во пожар во центар за мигранти во Мексико

Владата на мексиканската држава Чивава денеска соопшти дека 37 мигранти загинале во пожар во Мексиканскиот национален миграциски центар во Сиудад Хуарез, во близина на границата со САД.

Во соопштението се наведува дека пожарот настанал откако властите собрале околу 70 мигранти кои се наоѓале на улиците на градот, пренесе Си-Ен-Ен.

Спасувачите волонтери изјавија дека има и многу повредени мигранти.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното