Капитенот на шпанскиот олимписки тим во синхронизирано пливање, Она Карбонеj, се пожали на „драстичните мерки“ на организаторите, кои и го оневозможија правото да го донесе своето бебе на Игрите во Токио.
„Морав да го напуштам мојот 11-месечен син, и покрај најавите дека ние, спортистите, можеме да патуваме на Олимпијадата во придружба на нашите мали деца“, напиша таа на Инстаграм.
Карбонеj посочи дека организаторите ја известиле за мерките поради кои таа мора да патува без нејзиниот син.
„Откако добив безброј пораки за поддршка да одам во Токио со Каи, морам да го изразам моето разочарување затоа што на крајот ќе морам да патувам без него“, рече таа.
Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) минатиот месец објави дека на мајките што дојат ќе им биде дозволено да патуваат со своите деца, по поплаките од канадскиот кошаркар Ким Гочер и американскиот фудбалер Алекс Морган.