4 ново оздравени пациенти од Штип кои беа позитивни на Ковид 19, евидентира статистиката на Центарот за јавно здравје. Со ова бројот на лица кои ја надминале заразата изнесува 7. Шест од нив беа на домашно лекување, а еден хоспитализран на инфективното одделение.
Од Центарот за јавно здравје информираат дека во текот на денот или најдоцна утре ќе ги добијат резултатите за втор негативен тест уште за 4 пациенти. Доколку и тие се негативизирани, во Штип ќе има вкупно 11 оздравени лица-стенд ап
Земени се брисеви за второ тестирање и од 9 пациенти од првиот кластер, за кои беше утврдено дека се позитивни пред повеќе од 25 дена. Епидемиолозите се надеваат дека доколку се задржи актуелната состојба, многу бргу бројот на оздравени, ќе го надмине бројот на заболени лица. На инфективното одделение при штипска клиничка се хоспитализирани 8 пациенти, 6 од Кочани и двајца од Штип. Негативни се тестовите и за петмината пациенти кои се водеа како сомнителни случаи, но поради респираторни проблеми се задржани на одделението и состојбата им се следи. Во изминативе 48 часа нема ново евидентирани лица позитивни на Ковид 19 во целиот Источен регион.