Договор за датум за предвремени избори, ваков исход очекува опoзицијата од вечерашната лидерска на Вила Водно, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски по средбата со граѓаните на Автокоманда. Николовски не откри кој датум за предвремени го посакува опозицијата.
И СДСМ остануваат на ставот дека на земјава и се потреби брзи парламентарни избори, а одлуката остаува на граѓаните.
Европскиот сон на македонскиот народ, како и на Албанците, Србите, Власите, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата земја – нема да биде срушен.
Затоа е потребно организирање на брзи предвремени избори. Избори најбрзо што може.
Избори на кои граѓаните ќе донесат одлука и потврда за патот по кој треба да продолжи нашата земја.
На својот фејсбук профил се огласи Заев. Промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе.. Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. Сите 2 милиони, напиша тој.
На маса кај Пендаровски, ќе седнат и лидерите на четирите партии од албанскиот политички блок. Беса и ДУИ веќе побараа предвремени, а ваквата одлука на премиерот ја поздравија и Алијанса на Албанците.