Пад на нафтата: Трамп најави брзо завршување на операциите во Иран

Светските пазари реагираа силно откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека воените операции во Иран би можеле да завршат за само две до три недели. Веста предизвика моментален пад на цените на нафтата – суровата нафта утрово се тргуваше по 97 долари за барел, под важната психолошка граница од 100 долари.

Падот од над 4% кај „Брент“ и американската сурова нафта ја покажува довербата на трговците во брза деескалација на тензиите на Блискиот Исток.

„Пазарите реагираа со молскавична брзина. Веднаш штом Трамп спомена повлекување и префрлање на одговорноста за Ормут на други земји, притисокот врз енергенсите попушти“, коментираат берзанските аналитичари.

Експертите предупредуваат дека и покрај краткорочниот пад, ситуацијата на Блискиот Исток останува нестабилна и цените на нафтата можат повторно да реагираат на секоја нова политичка или воена порака.