Ако ги оставите да чекаат со децении во чекалната на ЕУ и покрај тоа што сите услови ги исполнивме, тогаш македонските граѓани нема да бидат задоволни и ќе бараат алтернативи.
Ова е одговорот на претседателот на државата Стево Пендаровски пред полските новинари, на прашањето за евроинтеграциите на земјава.
Тој потсети дека блокадата од Бугарија е поради причини кои вооптши немаат допирна точка со европските вредноци, а напомена дека Македонија е единствената земја која поради НАТО и ЕУ го сменила своето име, па конечно ЕУ треба да го исполни својот дел од ветувањето. Како што вели, целиот Западен Балкан треба да биде интегриран во ЕУ, бидејќи само на тој начин ќе се обезбеди долготрајна стабилност.
„Ако ние со претходно исполнети, букално се можни услови, да ве потсетам ние сме единствената држава која го смени своето име за да биде дел од НАТО и ЕУ, во НАТО тоа го постигнавме, за жал во ЕУ се до пред некој месец не можевме ниту да започнеме преговори, јасно е дека македонските граѓани нема да бидат задоволни и ќе бараат алтернативи, ако вие ги држите во чекалната на ЕУ со децении. Меѓутоа тоа е одличен пример и за регионот, за останатите држави, затоа што во нашиот регион постојат уште отворени прашања кои треба да се решаваат по примерот на тоа како ние во Македонија ги решаваме тие проблеми. Прво со Грција, па со Бугарија“, вели Пендаровски.
СЛЕДЕТЕ НЕ: