Претседателот на државата Стево Пендаровски ги коментираше изјавите на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека 95% од работната сила е функционално неписмена. Тој виновникот за тоа го гледа токму кај Владата.
„Таа функционална неписменост ја продизведува ваквиот систем. Ние мора да влеземе со фундаментални, а не со козметички промени. За жал не гледам дека тоа досега е направено и дека има планови да се направат суштински промени“, изјави Пендаровски во вечешната Топ Тема на Телма телевизија.
Тој додава дека работите не се променети 10 години.
„Да ви кажам најотворено, работите не се видно променети од 10 години претходно, значи откако дојде оваа политичка постава на Власт, зошто? Има многу причини, јас не сум експерт за образование. Не се направија на почетокот, по промената на Власта 2017 година мај/јуни месец не се направија пар работи кои мораше да се направат за да се постави образованието на колку-толку подновени основи“, додаде Пендаровски.
Две се клучните барања од Претседателот за да „тргне“ образовниот систем.
- Мораше да се направи ревизија на сите факултети кои се отворени изминативе 10-15 години. Сите знаеме дека за тоа не постоеше кадар, потреба ниту услови. Тоа не се направи. Се носеа пофесори со комбиња за да држат часови во западна Македонијаи ги враќаа назад и знаеме како на крај таму се добиваа дипломи.
- Требаше да се стават на ревизија сите дипломи, особено магистри и докторати кои тогаш беа добиени и особено немам проблем тоа да се прошири и да оди наназад.
„Работа има, но 93 отсто од невработените се функционално неписмени“, вели Битиќи