Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре (17 март) делови од Скопје и околните населени места ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Според најавите, прекините ќе започнат од утринските часови. Од 08:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во населбата Булачани, поточно околу број 7 на улицата „2“.
Планирани прекини ќе има и во општина Аеродром. Од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улицата „Тодор Чангов“ на броевите 35, 37 и 39, како и дел од главната улица во тој реон.
Во општина Карпош, пак, од 09:00 до 15:00 часот струја нема да имаат дел од жителите на улицата „Франц Розман“.
Прекини се најавени и во неколку села во околината на Скопје. Од 09:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат населените места Побожје, Бродец, Танушевци, Малино и Брест.
Од надлежните служби апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите активности поради планираните прекини, кои се дел од редовното одржување и подобрување на електродистрибутивниот систем.
