Понуда за влез во Влада: Три министерства и 30 директорски места

Правда, земјоделство, здравство, образование или животна средина -три од овие министерства ќе добие Арбен Таравари како понуда за влез во Влада, брифира за тв 24 висок владин функционер. Дека на маса се овие ресори неофицијално потврдуваат и од Алијанса за Албанците.

Според истите информации сите три партии во Владата се откажуваат од по еден ресор. И ако Гаши, според владин функционер реши да го “даде” Беким Сали, Ковачевски и Ахмети се уште не пресекле.

Таравари ќе добие и три заменички министри, а во третиот ешалон се во барањата  на Алијанса 30 директорски места.

Според висок партиски функционер во Алијанса ќе има и содржински  пакет , а во него ќе влезе и промената на 20 % од формулацијата на јазикот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното