Пратеници од ВМРО-ДПНЕ ќе се приклучат кон мнозинството на СДСМ во парламентот?

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва гостуваше во ТВ21 во „21 Анализа“. Тој кажа дека има сигнали од опозицијата дека пратеници сакаат да се приклучат на новото парламентарно мнозинство.

ТВ21: Сигурни сте дека Алтернтатива ви се приклучува, или уште не знаете?

Николовски: „Утре почнуваат преговорите со Алтернатива“.

ТВ21: Дали уште еден член на БЕСА ќе се приклучи на владеачкото мнозинство?

Николовски: Не знам. Има сигнали и од постојната опозиција, се разговара за различни прашања, има луѓе кои даваат поддршка за евроатлантските процеси.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното