Променливо облачно со појава на магла

Во утринските часови со појава на локален дожд во западните делови, а во текот на денот променливо облачно со појава на магла и ниска облачност во дел од котлините. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје во утринските часови со услови за слаб дожд, во текот на денот облачно и со појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од утре до сабота утринската и дневната температура ќе бидат во пораст. Само во дел од котлините со појава на магла или значителна ниска облачност дневната температура ќе остане пониска. Врнежи од дожд ќе има во сабота, а од недела ќе биде постудено.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното