Претседателот на ДУИ Али Ахмети од денешниот партиски настан на ДУИ во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“, упати порака дека бил и секогаш ќе биде „ангажиран во одбрана на каузата на Македонците“.
„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура“, рече Ахмети.
Според лидерот на ДУИ, токму затоа сега сакаат да отворат „нова сцена, проевропски фронт“ што го забрзува нашето членство во Европската унија“
„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, рече Ахмети.