Поранешниот пратеник на Беса, вечерва во студиото на ТВ21 откри каде бил додека во Собранието се гласаше (не) доверба.
„Имаше шпекулации дека сум бил во Бугарија, други велеа дека сум во Абу Даби. Јас бев во Скопје. Се засолнив кај еден пријател во неговиот дом заедно со моето семејство“, рече Реџепи во Клик Плус на ТВ21.
Тој додаде дека не спие мирно физички, но затоа духновно да.