На 28.03.2026 во 20:50 часот во СВР Тетово е пријавено дека во с.Долно Седларце, општина Брвеница, патничко возило удрило во пешакот З.С.(70) од Тетово по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
