Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес конференција посочи кога Министерството за внатрешни работи ќе одлучи кој бугарски политичар нема да влезе во државава.
„Приоритет ќе биде да се сочува мирот, безбедноста и јавниот ред ако во Македонија дојде бугарска група која е против македонскиот идентитет на одбележувањето на 4 февруари, денот кога е роден Гоце Делчев“, истакна Оливер Спасовски.
Според него, доколку Џамбаски се појави на граница, МВР во истиот момент ќе одлучува.
„За секоја одлука треба да има и време и момент кога таа ќе биде донесена“, рече Спасовски.
На новинарско прашање дали доколку се појави европратеникот Ангел Џамбаски на граница на 4-ти февруари, ќе го вратите ли?
„Ќе одлучиме на четврти февруари“, рече Спасовски.
Во меѓувреме, Џамбаски најави дека ќе дојде во Скопје на четврти февруари, кога ќе се чествува раѓањето на Гоце Делчев.