Столтенберг за членството на Македонија во НАТО: Очекувам сите сојузници да го потпишат протоколот

Откако сите земји членки на НАТО, во своите парламенти ќе го ратификуваат Пристапниот протокол, тогаш Република Северна Македонија ќе биде 30-та земја членка на Алијансата. Но, генералниот секретар Јенс Столтенберг очекува дека наскоро тоа ќе го сторат сите 29 сојузници.

„Очекувам наскоро сите 29 членки на Алијансата да го потпишат пристапниот протокол. Тогаш Скопје ќе учествува на состаноците на НАТО како поканет. Кога сите 29 земји членки ќе го ратификуваат договорот ќе можеме да и посакаме добредојде на Република Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Ова ќе донесе мир и стабилност во регионот, но и цела Европа“, изјави Јенс Столтенберг – генерален секретар на НАТО.

По Бугарија, и Германија соопшти дека се согласила да го потшише Протоколот за пристапот на Македонија во НАТО.

„Сојузната Влада се согласи да го потпишe Протоколот на Северно-атлантскиот договор за пристапот на Република Северна Македонија. Ние сме убедени дека пристапот на Северна Македонија кон НАТО ќе претставува придонес за безбедноста и стабилноста не само во евроатлантскиот простор и нема да ја зајакне само трансатлантската заедница, туку тој ќе биде важен импулс за понатамошно стабилизирање на Западен Балкан“, велат од Германската Амбасада во Скопје.

Се очекува Грција да биде првата земја која ќе го ратификува Пристапниот протокол во својот парламент и тоа на 8 февруари. Потоа се очекува истото да го направат и останатите земји членки на Алијансата.  Тогаш Македонија со новото име ќе стане дел од НАТО. Впрочем вакво нешто е наведено во Договорот од Преспа.

Што се однесува до членството во ЕУ, патот до оваа дестинација ќе биде подолг за разлика од оној кон НАТО. Покрај целосната имплементација на Договорот од Преспа, Македонија ќе мора да ги спроведе и посочените реформи. Европскиот Совет најрано во јуни 2019 година ќе одлучи дали со Република Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори.

ПОДГОТВИ: ЕДИН РАСТОДЕР

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното