Учениците на online настава од декември поради енергетската криза и пандемијата на ковид-19?!

Учениците ќе бидат пуштени дома, а наставата ќе продолжи да се одвива online поради енергетската криза, но и новиот бран на коронавирус, дознава 4NEWS.mk.

Засега властите не откриваат дали ова сценарио е во игра и дали ќе започне да се применува од 1-ви декември или од стартот на новата година.

Инаку, со одлука на Владата, земјава е во енергетска криза.

Прогресивниот синдикат за образование (ПСО), член на Сојузот на синдикатите на Македонија, бара од Министерството за образование и наука да дозволи наставниците на наставнички совети да може да одлучат дали наставата да ја организираат со физичко присуство или онлајн во периодот од 1 декември 2021 до 31 март 2022 година.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното