ВИДЕО: Мајка и бебе старо само 10 дена спасени од урнатините по 90 часа

Новородено бебе и неговата мајка беа спасени од урнатините во јужна Турција, околу 90 часа по првиот смртоносен земјотрес во понеделникот.

10-дневно момче по име Јагиз беше спасено од урната зграда во провинцијата Хатај. На видеата се гледа како детето е внимателно носено во текот на ноќта во термо ќебе, а потоа однесено во брза помош.

Мајката била изнесена на носилки. Засега нема дополнителни информации за нивните услови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното