Патнички авион со 72 лица се урна во непалскиот град Похара, пренесоа агенциите. Државната телевизија објави дека неодреден број тела се извлечени од местото на несреќата, што се случи во западниот дел на малата хималајска земја.
Според изданието „Катманду пост“, авионот се урнал во близина на меѓународниот аеродром Похара.
#Nepal
72 passengers were on board. Plane crash at Pokhra International Airport. pic.twitter.com/igBoObcCDm— Aishwarya Paliwal (@AishPaliwal) January 15, 2023
Во авионот имало 68 патници, плус четворица членови на екипажот, пишува изданието, цитирајќи го портпаролот на Јети ерлајнс. Во тек е спасувачка операција.
Horrifying last moments of an ATR plane crash from Nepal in Pokhara that was bound for Kathmandu. All 72 people on board are dead. pic.twitter.com/4JZIvnThPQ
— Wajahat Kazmi (@KazmiWajahat) January 15, 2023
Фотографиите и снимките споделени на Твитер покажаа чад што се издигнуваат од местото на несреќата.