ВМРО-ДПМНЕ на 12-ти декември ќе избира лидер, дали Христијан Мицкоски ја има поддршката?

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека ќе има Конгрес на партијата на 12.12, кој ќе се одржи во Скопје, и на кој ќе се избере лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ на оваа седница на Извршниот комитет закажа Конгрес на паријата на 12. декември ќе се случи во Скопје и за првпат ќе се одржи во Скопје како главен град кој што сега е предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Ги реафирмиравме одлуките дека сакаме да има предвремени брзи избори и јасната волја на граѓаните на локалните избори“, рече Николоски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното