ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција по повод прес конференцијата на Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.
Според нив, портпаролот на СДС, Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си даде оставка.
„Наместо Љубица Јанчева за хаосот да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ одговорите да ги побара во СДС чии што директори во континуитет го уништуваа претпријатието, и од Арсовска на една од многуте тајни средби што ги има секретарот на СДС, Миле Зечевиќ со Данела Арсовска.
И ако за фактите да бидат комплетни, додека СДС и Арсовска глумат театар и си ја префрлаат одговорноста 1000 семејства до скоро останаа без плата.
А на ЈСП не само што му должи неспособната влада, туку и неспособниот градоначалник Данела Арсовска.
2 милиони евра должи владата и половина милион евра градот Скопје.
Актуелниот директор на ЈСП кој е избор на Арсовска е кадар на СДС.
Последниот кадар кој раководеше со ЈСП а доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ е директорот од времето на Коце Трајановски, Игор Јанушев кој ЈСП на Шилегов му го препушти со добивка од над 1 милион евра. Како ЈСП од претпријатие со добивка стана загубар, одговорите да си ги побара Јанчева од портпаролот на СДС, Данела Арсовска.
А портпаролот на СДС Арсовска треба да си поднесе оставка поради најмалку две причини, неспособност и измама на граѓаните“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.