ВМРО-ДПМНЕ велат дека Арсовска е најнеспособна откако со неа го победија Шилегов велејќи дека е најнеспособен градоначалник

ВМРО-ДПМНЕ ја оцени градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како најнеспособна градоначалничка.

„Арсовска влезе во историјата како најнеспособниот градоначалник и единствена на која и успеало да банкротира претпријатие. Таа треба да си поднесе оставка зошто е неспособна и ги измами скопјани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа изјава следува само една година откако со неа го победија претходниот градоначалник Петре Пилегов за кој, исто така, велеа дека е најнеспособен.

„Шилегов се бетонираше како најнеуспешен градоначалник. Со секој негов изминат ден како градоначалник Скопје, Скопје претрпува нови бламажи“, кажа тогаш портпаролката Марија Митева.

Инаку, Арсовска победи на локалните избори лани како независна кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно во кампањата, партијата го прогласи Шилегов за најнеспособен градоначалник.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното