Во овие градови низ Македонија нема ниту еден случај на ковид-19

Во 20 градови низ Македонија нема ниту еден случај на коронавирус. Се работи за Кичево, Кочани, Струга, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево, Берово, Дебар, Валандово, Виница, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија, Македонска Каменица, Пехчево и Дојран. Во Македонски Брод, Крушево, Кратово има по само 1 случај, додека пак во Тетово и Струмица по 2 случаи. Во Скопје пак има најмногу – 190 случаи, а по него следуваат Прилеп со 30 случаи, Битола 21 случај, Кавадарци 8, Охрид 6, Куманово и Штип по 5 случаи и Велес, Гостивар и Неготино со по 4 случаи. Бројот на активни случаи низ држвата изнесува 284. Досега во земјата се направени вкупно 2.180.374 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, а на починати е 9.559.
Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното