Возачот Васил кој ја усмрти Фросина си го набавил телефонот од притвореник, за 250 евра му стигнал со колачи!

Возачот Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина Кулакова, го набавил телефонот од притвореник во затворот Шутка, дознава „Скопје1“.

Според извори, телефонот бил пренесен од ќелија во ќелија преку опаковка со колачи, а услугата чинила 250 евра. Парите биле платени од роднина на Јованов, бидејќи тој немал готовина.

Прашувањето како телефонот бил внесен во затворот останува отворено, бидејќи пренос на предмети, вклучувајќи и храна, е строго забранет.

Јованов од првиот ден во притвор барал телефон, а притвореник кој е во затворот повеќе од година дена му го обезбедил уредот.

Преносот бил овозможен благодарение на затворски полицаец, кој не се poсомневал кога му бил подаден пакетот со колачи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното