Задолжителната вакцинација и во приватниот сектор, бара Стопанската комора

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се охрабруваат и приватните компании да го направат истото односно да бараат доказ за вакцинација или негативен пцр тест или сертификат за прележаност, откако тоа го побарала стопанска комора.

Стопанската комора на Северна Македонија бара да се воведе задолжителната вакцинација и во приватниот сектор. Само така, смета, ќе се постигнат колективни резултати во борбата со вирусот, но и ќе се овозможи континуитет на деловните процеси.

Како што соопшти денеска потпретседателката на Комората, Анета Трајковска, ова барање во вид на Иницијатива е веќе доставено до Владата.

-Ја поддржуваме задолжителната вакцијација во јавниот сектор, посебно во здравството, но сметаме дека вакцинацијата треба да биде задолжителна и во приватниот сектор како што прават повеќето европски земји, повикувајќи се на правото на работникот за заштита при работа. Мора заеднички да работиме на подигнување на степенот на имунизација, што е неопходно да се постигне во пократок временски период за да се спречат мутациите на вирусот. Затоа предлагаме мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат, рече Трајковска на прес-конференција.

Воедно Филипче изјави дека Комисијата на Владата ќе и предложи вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници. Мерките би требало да стапат на сила 10 дена откако ќе ги усвои Владата, а ќе се даде период од 30 дена за здравствените работници кои досега не се вакцинирани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното