Членови на Синдикатот на Клинички го осудија пазарењето на лидерот на Синдикатот со нивниот глас

Навреда и деградирање на здравствените работници е предлогот на Синдикатот на Клинички кој за поголема плата се пазари со власта дека ќе ги добие нивните гласови на претстојните парламентарни избори. Голем број синдикални членови воопшто не биле прашани за мислење и бараат Горан Беговиќ да ја повлече вчерашната изјава со која ги налути вработените од клиниките. 

–  Синдикализмот не подразбира договарање во смисла кој на кого ќе ги даде гласовите. Не станува збор само за деградирање на здравствените работници туку и останатиот персонал вработен на клиниките. Пазарењето не е демократски чин. Ние сме навредени и незнам кој за тоа одлучил знам членови на извршен кои не се согласуваат со овој предлог, вели Ивица Апостолов член на Синдикат на Клинички и претседател на здружение на медицински лаборанти клиники.

И за министерот за здравство е неумесна изјавата дека СДСМ ќе добие гласови од здравствени работници ако добијат поголема плата. Филипче вели дека често има средби со членови на Синдикатот на скопските клиники на кои преговараат за нивните барања.

– Сметам дека е многу неумесно да се става во една таква политичка конотација нашето ветување на плата на специјалисти од 100 000 денари. Сега со изборите може ќе има пролонгирање на тоа ветување, но досега имаше зголемување на платите во здравството, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Со сериозна критика за пазарењето со гласови излегоа и од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

Апсолутно сме против секој обид за материјализација на чиј било глас а најмалку на докторската фела. Жалосно е тоа што претставници на дел од таа интелектуална авангарда, дозволуваат да го вмешуваат докторското реноме во пазарење и партиски калкулации , наместо силно да ја апострофираат потребата за реформирање на овој веќе застарен здравствен систем и модел, велат од АСМЛ.

И додека голем број се противат на оваа изјава, има синдикати кои ги поддржуваат.

Денеска нема реакција од претседателот на Синдикатот на скопските клиники дали ќе останат на нивниот предлог за поддршка на владејачката партија ако ги зголемат платите.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното