Дијалог за Унгарија: Груевски не може да има посебен третман, зборуваме за криминалец, а не за прогонуван политичар

Бурани Сандор, пратеник на партијата „Дијалог за Унгарија“ денеска во унгарскиот Парламент искажа дека Владата крие како Никола Груевски влегол во Унгарија, и покрај тоа што не поседува пасош.

„Која невладина организација му помогна да стигне до Унгарија? Или дојде во нашата земја со шверцери? Зборуваме за криминалец, а не прогонуван политичар. Односот на унгарската влада е срамен да му додели посебен третман“, истакнал Сандор.

И од другите опозициски партии вршат притисок да се испита влезот и престојот на Груевски на унгарско тло, и зошто не е во транзитна зона, односно се против посебниот третман кој го има Груевски, бидејќи според законот, тој е наменет само за ранливо лице или лице со посебни потреби.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното