Добиле пријава за силување на малолетник даден во згрижувачко семејство, но не реагирале! Кривична за двајца од Центарот за социјални работи во Македонски Брод!

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело .

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното