Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција јасно стави до знаење дека останува на чело на партијата, порачувајќи дека неговата мисија е заздравување на општеството и враќање на државата на европскиот пат.
„Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред да се нафатам да го правам ова, што сакам, која е позадината и што сакам да постигнам. Сакам ова општество да заздрави, да биде исчистено од корупција, да се направат реформите да влеземе во Европската Унија затоа што тоа е стратешката цел“, рече Филипче.

