ФОТО 15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk.

Според нашите информации, осомничениот е помлад од 15 години. Поради возраста, постапката ќе се води согласно законските одредби за малолетници, а надлежните институции засега не откриваат повеќе детали за случајот.

Истражните органи продолжуваат со прибирање на докази и сослушување на сведоци.