Министерството за здравство на Македонија објави фотографии од историскиот момент кој утрово се случи во нашата држава. За прв пат во Македонија еден донор спаси дури четири животи.
ОРГАНОДАРИТЕЛСТВО е постапка на ДАРУВАЊЕ органи, ткива или клетки од живо или починато лице, со цел пресадување (трансплантација) во телото на друго лице заради лекување. Дарувањето е доброволно и без финансиски и друг вид надоместок.
Досега само во една државна клиника спроведени повеќе од 600 интервенции, а 35 пациенти се лекувани со новите процедури. Нашите резултати се движат кон рамките на достигнувањата на реномираните центри во Европа и САД.
ЗНАЕТЕ ЛИ ДЕКА?
- Повеќе од 50 000 луѓе во Европа се на листите на чекање орган.
- Секој ден 12 луѓе кои чекаат за орган умираат.
- Еден дарител може да спаси 8 животи (дарување органи) и да им го промени животот на 50 луѓе (дарување ткива).
- Шпанија и Хрватска имаат повеќе од 35 дарители на 1 милион жители.
- Помислете дека можеби уште утре член на Вашето семејство, Ваш пријател или можеби Вие ќе имате потреба од подарен орган.


