ФОТО Кочани во тишина: Со ноќно бдеење одбележана една година од трагедијата во „Пулс“

Точно во 02:32 часот, моментот кој пред една година засекогаш го зави Кочани во црно, со едноминутен молк беше оддадена почит на 63-цата загинати во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“.

ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk

На емотивниот собир пред урнатините на објектот, организиран од здружението „16 Март 2025“, граѓаните поставија бели срца со имињата на жртвите и запалија свеќи во знак на сеќавање.

ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk

„Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Нека светлината сведочи дека не забораваме, а тишината нека зборува за љубовта што останува“, порачаа од здружението.

ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk

Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk

Покрај 63-цата кои ги загубија животите, во пожарот беа повредени околу 200 лица, оставајќи трајни лузни врз целата заедница која и денес бара одговорност и правда.

ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk
ФОТО: Ј.Пауноски / 4NEWS.mk