Хуманитарна акција во Штип

Штипјани се сплотија како еден во хуманата акција да и помогната на својата 4 годишна сограѓанка Симона Хаџи Тошев, која боледува од акутна нелимфобластна леукемија. На градскиот плоштад „Слобода“ 10 екипи од општинските средни училишта организираа спортски игри, со цел да го привлечат вниманието на хуманите граѓани да донираат средства за лекувањето во Загреб.

– Информацијата од утрово е дека првата рата од околу 30 000 евра веќе е собрана и уплатена. Потребни се дополнителни средства за понатамошно лекување и за претстој на родителите во Загреб- изјави Дарко Шарковски семеен пријател на Хаџи Тошеви

Општина Штип од неодамна формираше солидарен фонд токму за собирање на средства за вакви намени, пред се од бизнис секторот од градот.

– Јас сум убеден дека ние многу брзо ќе ги собереме овие средства и со вчерашниот повик на нашиот солидарен фонд, но и со денешеното присуство на граѓаните и присуството на естрадните ѕвезди од општина Штип – изјави Благој Бочварски, градоначалник на Штип

Целото лекување ќе трае помеѓу 9 и 12 месеци, а ќе бидат потребни околу 140 000 евра, плус дополнителни средства за претстој на мајката, која за цело време ќе биде заедно со Симона.

 

Фото за вовед: 
Категорија: 

Извор: Сител телевизија

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното