„И ЈАС ИМАМ ДУША! Невообичаена појава на плажа во Грција: Девојка легна да се сонча, а ја посети непоканет гостин

На страната на Инстаграм ГрчкаИнфо се појави фотографија од коза која седна на лежалка и ужива во сончев ден

На плажа во Грција девојка се изненадила од необична појава. Девојката уживаше со пиво и се сончаше на лежалка, а друштво и правеше ни помалку ни повеќе туку коза.

Ова преслатко суштество седеше и уживаше на лежалката и како што може да се види од видеото, козата и намигна на девојката.

Имаше убави и не толку убави коментари под оваа објава.

„Ние сме на нивна територија, мора да се однесуваме како домаќин“, „Убава е, вистинска убавица“, „Колку и да е слатка… мене лично не ми се допаѓа што ми е до глава и работи … што се прашуваш дали ќе ти направи нешто да јадеш, не фала“, „Дивите дојдоа и ги избркаа староседелците“ – се само дел од коментарите.

Козите не се толку ретка глетка на грчките плажи бидејќи се заштитен знак на грчките острови, па така и во претходните години туристите имаа можност да делат лежалка или кафе со овие прекрасни животни, бидејќи се чувствуваат многу удобно меѓу луѓето. .

Тие се сосема безбедни за луѓето, единствениот проблем е што можат да ја јадат вашата храна или да го испијат вашето кафе, но и тоа не е нерешлив проблем.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното