Пред кафеана во Карпош се степале пет лица, полицијата ги приведе

На 28.03.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека пред угостителски објект на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(18) и А.Ј.(18) двајцата од Скопје од една страна и тројца малолетници сите од Скопје, од друга страна.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.